Историска црква во Русија од 18 век изгоре до темел откако беше намерно запалена. Инцидентот се случил во руската република Карелија.
Како осомничен за подметнувањето на пожарот е посочен еден 15-годишен тинејџер, за кого локалните жители велат дека „верува во ѓаволот“.
Црквата Успение на Света Богородица е целата изградена во дрво во 1774 година во прекрасното градче Кондопога. Таа е запалена во петокот одвнатре. Чуварот го забележал огнот кога веќе било предоцна. Црквата висока 42 метри не можела да се спаси од огнот и за неколку часа е претворена во пепел.
Момчето кое дошло во посета на неговата баба во Карелија за летниот распуст е привидено од полицијата. Тој употребил пет литри бензин за да ја уништи историската црква.
Мештаните за магазинот Лајф изјавиле дека момчето било сатанист. Според очевидци, за време на апсењето момчето не давало отпор туку се смеело. Тинејџерот сега е под психијатриско испитување.
Негови пријатели велат дека црквата ја видел на интернет и во еден момент само го сменил изразот на лицето и извикал:„Морам да ја уништам“.
Се планира комплетна обнова на црквата која би чинела еден милион долари.