Млада Французинка (19), која работи во најголемиот центар за вакцинација во Бордо, во средата беше условно осудена на 18 месеци затвор, бидејќи фалсификувала дваесетина ковид пасоши за свои роднини и пријатели.
Кривичниот суд во Бордо, исто така, и изрече петгодишна забрана за работа во јавниот сектор.
Таа е уапсена во понеделникот откако беше пријавена и поведена истрага против неа. Девојката работи во тој центар од 1 септември и призна дека учествувала во фалсификување 24 ковид пропусници за 16 лица.
Обвинителот рече дека не верува дека го направила тоа за финансиски надомест.
Според податоците од мобилниот телефон, полицајците откриле многу недоследно произведени пропусници.
Младата жена, која работи од својата 16 – та година, објасни дека „сакала да им направи услуга на пријателите и роднините кои не сакаат да се вакцинираат и дека со некои од нив сакала да оди во кино или ресторан“.
Продолжува истрагата за корисници на лажни документи и можни други измами.