Тинејџерка од Калифорнија, наводно, ги направила колачиња во кои ставила пепел од дедото и им ги послужила на своите колеги во училиште, објавија локалните медиуми. Лос Анџелес тајмс објави дека колачи јаделе најмалку девет ученици, според полицијата во Дејвис, град во близина на Сакраменто.

-Некои ги јаделе без да знаат дека има дополнителна состојка и тие биле згрозени, изјави полицаецот Пол Дорошов.

– Што е уште поневообичаено за другите во училиштето Да Винчи Чартер Академи, знаеле што има во колачите и сеедно – ги јаделе, рече Дорошов.

Полицијата испитува, но се уште не презела никаква акција против девојчето.Властите објавија дека децата не биле изложени на ризик по здравјето