Бразилскиот селектор Тите по нерешените 0:0 со Венецуела во Купот на Америка, се осврна на отсуството на Нејмар.

Најскапиот фудбалер на планетава е принуден да го пропушти турнирот поради повреда.

– Најпрво морам да им се извинам на навивачите, бидејќи тимот не создаде доволно шанси. Јас ги разбирам нивните свирежи. Што се однесува за отсуството не Нејмар ќе кажам дека тоа е голем хендикеп за нас. Нејмар е е меѓу првите тројца играчи. Му посакувам брзо закрепнување. Но, ние треба да играме подобро без оглед на неговото отсуство, изјави Тите.

Бразил по две кола има четири бода во А-групата на Копа Америка.