Пејачката Драгана Мирковиќ речиси со години живее во Виена заедно со своето семејство, а нејзиниот дом е честопати во центарот на вниманието поради луксузот кој го поседува пејачката.

Имено станува збор за луксузна вила во која живее пејачката заедно својот сопруг и деца веќе со години наназад.

Во домот таа поседува затворен базен, има неколку спални соби, тоалет со сваровски детали, како и дневна соба исто така со кристални детали.

Домот поседува и возен парк вреден стотици илјади евра, а за домот бил заинтересиран и шеик кој сакал да даде 200 милиони евра за истиот, но пејачката културно го одби.

Посебен детаљ во нејзиниот дом е галеријата во која се наоѓаат сите нејзини награди, благодарници и подароци стекнати во музичката кариера.