Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс, се заблагодари денеска на Полска за понудените борбени авиони за Украина, оценувајќи дека испраќањето Миг-29 би бил голем ризик, а мала добивка.
Полска објави дека е подготвена да испорача на Украина преку НАТО авиони Миг-29, ако на тоа се согласат сите земји членки на Алијансата.
– Најефикасен начин да се поддржи украинската војска во борбата против Русија е обезбедување на големи количини противтенковско оружје и системи за противвоздушна одбрана, изјави Волтерс.
Волтерс оцени дека Украина веќе има доволно борбени авиони и дека испраќањето Миг-29 нема значително да ја подобри ефикасноста на украинската воена авијација.
Според Волтерс, проценките на разузнавачките служби се дека испраќањето авиони би можело да се протолкува како пресврт во конфликтот и да доведе до голема руска реакција со што ќе се зголемат шансите за воена ескалација со НАТО.