Младиот Гари, пред да се вљуби во својата сегашна сопруга, бил во врска со 77-годишна. Но, сега, вели, ја нашол вистинската, а на неговите гради го истетовирал своето име и името на неговата сопруга Алмеда.

Баба, која се вљубила во 54 години помладо момче и се омажила за него, вели дека секој нов ден им е како ураган. Алмеда (74) и Гери Хардвик (20) се запознале во 2016 година на погребот на синот на Алмеда, Роберт. Гери тогаш бил сè уште беше тинејџер.

Се венчале само две недели подоцна.

Алмеда, пред Гари, била во 43-годишен брак, но вели дека во новиот сопруг ја пронашла сродната душа.

– Мојот прв брак траеше многу долго, но немаше премногу бакнување, гушкање, романса и слични работи, вели таа во  нејзиното признание на  YouTube и додава:

– Јас и мојот нов сопруг Гери постојано си делиме комплиментите, се сакаме еден со друг … навистина уживаме во нашата врска. Кога ќе го сретнш вистинскиот, едноставно знаете, бидејќи таквото чувство не сакате да го изгубите, вели таа.

Двојката, која живее во Тенеси во САД, првпат имала односи за време на нивната прва брачна ноќ.
Денес, тие се опишуваат како одлични љубовници.

– Таа е остварување на моите соништа, а и од физичка страна, нашиот однос не може да биде подобар, вели Гари.

Алмеда вели дека Гари често готви за неа, а тајната на нивниот успех е во постојана комуникација, взаемната помош, но и комплиментите:

– На својот маж треба да му делите комплименти и да му покажете љубов. Правете го тоа секој ден, вели Алмеда.

Среќна двојка живее во домот на Алмеда со еден од нејзините внуци, кој е три години постар од нејзиниот сегашен сопруг.