Женската одбојкарска репрезентација на САД избори пласман во финалето на Олимписките игри во Токио совладувајќи го актуелниот светски првак Србија со убедливи 3:0 во сетови (25:19, 25:15, 25:23).

Полуфиналната пресметка во Токио беше „реприза“ од полуфиналето од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, кога Србија со 3:2 го совлада Американките.

САД овој пат се реваншираа и со триумфот над Србија ја продолжија серијата олимписки медали, по сребрените одличја во Пекинг 2008 и Лондон 2012, како и бронзата во Рио.

До златниот медал, в недела од 6.30 часот по средноевропско време, ќе се обидат да дојдат против победникот од второто полуфинале, во кое денеска од 14 часот играат Бразил и Јужна Кореја.