Актерот Том Харди и неговата бремена сопруга се отселиле од Лондон поради постојано прогонување од обожавателка.
Харди секако планирал да се пресели во помирно место, а оваа упорна обожавателка само го направила порешителен во намерата што побргу да си замине од Лондон.
Актерот и неговата сопруга го очекуваат второто дете. Нивниот хармоничен и мирен живот го нарушила обожавателка која постојано ги прогонувала.
Тој исто така и понекогаш размислува да прекине со актерството, бидејќи е изморен од таквиот начин на живот.