Повеќе од 50 години Британецот Гери Хедер бил убеден дека Земјата е топка. Потоа, во август 2015 година, во својот дом во Хемпшир, го видел видеото „Flat Earth Clues” и, како што вели, доживеал трансформација. Во текот на последните три години, Хедер, кој на социјалните мрежи се појави под името Гери Џон, стана страстен „рамноземјаш”, а во пролетта оваа година во Бирмингем собра 260 истомисленици на првата британска Конвенцијата Flat Earth (Рамна земја). Слични собири на рамноземјаши оваа година ќе се одржат во градот Тексас во Денвер и во канадскиот град Едмонтон, а за жал, поборници на теоријата за Земјата како рамна плоча не недостигаат ни во Хрватска.

Зошто се шири движењето на рамноземјашите

Теоријата за рамна Земја беше составен дел од древните митологии, кои се појавија пред новата ера. Идејата за Земјата како сфера се појави во грчката филозофија во времето на Питагора во 6 век п.н.е., а Аристотел во 3 век пред нашата ера го даде првиот доказ за тоа. Во секој случај, знаеањето за тркалезна Земја се шири уште од хеленизмот. Современото движење на рамноземјаши се поврзува со Американецот Семјуел Шентон, кој во 1956 година во Калифорнија го основаше Меѓународното друштво за истражување на рамната Земја.

Статистичките податоци покажуваат дека рамноземјашите обично се христијански фундаменталисти, но во последниве години на јавноста и е најпознатиот американски рапер B.o.B кој на својот Твитер напиша дека „Земјата е рамна, бидејќи тој никаде не видел никаква критика која ќе го докаже спротивното“. Ширењето на рамноземјашкото движење во последно време почна да ги загрижува научниците, па затоа некои одлучија да реагираат. Така, на пример, американски астрофизичар и голем популаризатор на науката Нил деГрасе Тајсон во март предупреди дека трендот на ширење на верување во рамна Земјата и разни теории на заговор се должи на комбинацијата на слобода на говор и слабиот образовен систем.

Зошто се јавуваат теориите на заговор

Според Википедија, теорија на заговор е обид да се објасни конечната причина на некој настан како тајна и обично измамнички план на тајно здружение на моќни луѓе. Француските научници минатата година во магазинот „Социјална психологија“ објавија студија која покажа дека луѓето кои ги поддржуваат теориите на заговор најчесто веруваат дека имаат пристап до информации што никој друг не ги има. Исто така, научниците откриле дека луѓето кои сакаат да бидат единствени веруваат во одредени теории на заговор. – Нашето истражување укажува на тоа дека теориите на заговор може да служат на човековите желби да се биде во нешто единствен, нагласувајќи ја мотивациската основа на таквите верувања, вели Ентони Лантен, директор на истражувањето.

Минатата година во списанието „European Journal of Social Psychology“ објавената е студија на научници од Универзитетот Врије во Холандија и од Универзитетот Кент во Велика Британија, кои утврдиле дека теоретичарите на заговор, всушност, се зависници од нешто што се нарекува „перцепцијата на привидни шеми.” – Луѓето често имаат ирационални верувања кои генерално ги дефинираме како неосновани, ирационални и нелогични заклучоци за светот. Иако постојат многу ирационални верувања, верувањето во теории на заговор и натприродното се особено раширени меѓу обичните луѓе без патологија, наведуваат научниците. Со други зборови, повеќето застапници на теоријата на заговор се обични луѓе кои дејствуваат според она за што веруваат дека е исправно.

Тактики на негаторите

Ако некој се обиде да ги убеди теоретичарите на заговор дека не се во право, тие реагираат многу емотивно. Политиколозите Брендан Ниан и Џејсон Рејфлер го идентификуваа феноменот познат како „отфрлачки ефект” во 2006 година. Во своето истражување, тие докажале дека токму напорите да се убедат луѓето дека одредена лага не е точна е контрапродуктивоа. Колку повеќе луѓе ќе се обидувате да ги уверите дека станува збор за лага, толку повеќе тие ќе веруваат во тоа..

Мартин МекКи, епидемиолог од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, идентификуваше шест тактики кои користат негаторите на научни факти и за тоа објави труд во списанието „The European Journal Of Public Health“. Меѓу најраширените тактики сигурно е ангажирањето лажни експерти кои ќе потврдат одредена теоријата на заговор, употреба на логички заблуди или лансирање обвинувањата дека некои научни факти се резултат на заговор, што во некои случаи може да биде фатална. На пример, се проценува дека негирањето на поврзаноста меѓу ХИВ и СИДА резултираше со смрт на повеќе од 330.000 луѓе во Јужноафриканската Република.

Најпознати теории на заговор

Теоријата за Земјата како рамна плоча е само една од серијата теории на заговор што ја обземаат имагинацијата на луѓе ширум светот. Американските астронаути никогаш не се спуштиле на Месечината. Теоријата на еволуција е атеистички заговор зарадипоткопување на религијата. Терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година бил оркестриран со помош на американската влада. Нацистите, масовно и систематски не убиле милиони европски Евреи, туку тоа е еврејска пропаганда. Вакцините штетат здравје и служат само за да им помогнат на фармацевтските компании да заработат пари.

Покрај тоа, фармацевтските компании го кријат лекот за рак. Климатските промени се измислица на одредени лоби групи … Со многу од тие теории веројатно сте се сретнале повеќе пати, а британскиот научник д-р Дејвид Роберт Грајмс од Универзитетот Оксфорд во 2016 година во списанието „PLoS One“ објави математичка равенка со која е можно да се тестира веројатноста на некоја теорија на заговор. Колку е поголем бројот на луѓе кои се вклучени во заговорот, толку пократко ќе остане тајната, заклучи Грајмс. На пример, за да задржи некоја тајна 100 години, не треба за неа да знаат повеќе од 125 луѓе.

Анализа на четири разширени теории на заговор …

Грајмс потоа анализирал четири распространети теории на заговор: човекот никогаш не се спуштил на Месечината, климатските промени се измислица, фармацевтската индустрија намерно крие лек за рак и вакцините се штетни, бидејќи предизвикуваат аутизам.

Во Проектот Аполо, кој во јули 1969 година на Месечината резултираше со историскиот „мал чекор за човекот, но огромен за човештвото” на американскиот астронаут Нил Армстронг, биле вклучени 410.000 луѓе. Ако сето ова е било режирано во студио, тајната не би можела да се чува повеќе од 3,7 години. Ако климатските промени се измислица на одредени лоби групи, ќе се дознае вистината во период помеѓу 3,7 и 26,8 години. Ако вакцините предизвикуваа аутизам, би дознале во период од 3,2 до 34,8 години. И на крај, ако беше точно дека „лошата” фармацевтската индустрија крие лек за рак, ќе беше откриено во рок од 3,2 години.

… и трите вистински тајни што се откриени

Во својата труд, Грајмс првично анализира три вистински тајни активности разоткриени во јавноста. Една од нив е PRISM, кодното име за програмата за надзор на цивили на американската Национална агенција за безбедност (НСА), во која беа вклучени 36.000 луѓе. Но, таа тајна програма, по шест години од своето постоење, во 2013 година, ја разоткри вработениот во НСА, Едвард Сноуден.

Грајмс, уште го проучувал и мрачниот есперимент „Таскиџи“ со нелекувањето сифилис кај афромериканците, кој бил откриен по 25 години. Тој исто така го анализирал и случајот со псеудоначниот форензички тест на ФБИ кој бил откриен по шест години, но претходно, поради него, невини луѓе завршиле во затвор, па дури и биле погубени.

„Јутарњи лист“/МИА