Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски информира дека денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.
-Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална, вели Томовски.
Тој посочува дека вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција.
Естетската кована ограда на Владата беше срушена во време кога СДСМ дојде на власт во времето на бившиот премиер Зоран Заев, кој го одвлекуваше вниманието од катастрофалните потези во Македонија со уривање огради и поставување бројачи на пари што ќе му ги враќаа на народот.