Францускиот кошаркар Тони Паркер се збогуваше со навивачите на Сан Антонио, клуб за кој настапуваше изминатите 17 години.

– Благодарам, Сан Антонио! Тоа беше мојата најдобра работа на планетата. Вклучувајќи ги и фановите кои секогаш беа на моја страна. Само Сан Антонио можам да го викам мојот вистински дом, напиша Паркер, на социјалните мрежи.

Паркер (36), кој потпиша договор со Шарлот, со клубот од Тексас освои шампионски прстени во 2003, 2005, 2007 и во 2014 година.

За време на 17-годишниот престој во Сан Антонио, Паркер во НБА лигата оствари просек од 15,8 поени по натпревар.

Во Шарлот се обврза на договор од 1+1 година за сума од 10 милиони долари.