Десетте најбогати американски семејства заедно имаат вкупно 530 милијарди долари, стои во извештајот на државниот Институт за политички истражувања.

Богатството на секоја од тие „династии“ е од компании кои всушност се основани од претходните генерации – нивните родители или подалечни предци, се наведува во документот кој прикажува и како богатството постојано преоѓало од генерација на генерација.

10. Кети

Семејството Кети се сопственици на Чик-фил-А, американски синџир ресторани за брза храна. Нивното богатство се проценува на 11 милијарди долари.

9. С.Ц. Џонсон

Тие своите 18,2 милијарди долари ги стекнале од производство и продажба на средствата за чистење – Плеџ, Глејд и Виндекс.

8. Лаудер

Лаудерови „тежат“ 22,4 милијарди долари. Ести Лаудер првата нарачка за средство за нега на кожа вредно 800 долари ја добила во 1947 година. Компанијата денес има 30 брендови на шминки, меѓу кои се и МАК и Клиник.

7. Прицкер

Хотелиерските магнати Прицкер имаат вкупно 26,6 милијарди долари. А.Н. Прицкер и неговите синови Џеј, Доналд и Роберт, сѐ тоа го стекнале вложувајќи во синџирот хотели Хајат и покренувањето на денес големите холдинзи, како што е Мармон групата.

6. Кокс

Кокс Ентерпрајзес, компанија која се занимава со телекомуникации (Кокс Комјуникејшнс), медиуми (Кокс Медија Груп) и со автомобилска индустрија. Минатата година оствариле приходи од 20 милијарди долари. Петмината внуци на основачот Џејмс Кокс денес споделуваат богатство од 37 милијарди долари.

5. Едвард Ц. Џонсон

Семејството Џонсон располага со 38,7 милијарди долари. Нивниот подем го почна Едвард Ц. Џонсон, основач на вториот взаемен фонд на светот, Фиделити (портфолио на акции и обврзници од различни инвеститори).

4. Каргил-Мекмилан

Компанијата Каргил, со традиција во земјоделството од 1865 година, денес е во сопственост на семејството Каргил-Мекмилан, и располага со 38,8 милијарди долари.

3. Марс

„Чоколадниот клан“ има богатство од 72 милијарди долари, благодарение пред сѐ, на чоколадите Марс, М енд М и Милки Вејс. Шест членови на семејството се наоѓаат на листата на 400 најбогати лица на списанието „Форбс“.

2. Коч

Нафтеното семејство Коч има вкупно 107 милијарди долари. Браќата Чарлс и Дејвид ја развија рафинериската компанија на својот татко до конгломерат што годишно остварува 100 милијарди долари приход.

1. Волтон

Најбогатата династија во САД е Волтон, чие богатство достигна 169,7 милијарди долари. Сопственици се на најголемиот трговски синџир на светот – Волмарт, кој во 1962 година го основаа Сем и Бад Волтон. Продажбата годишно им носи 500 милијарди долари, а тоа што богатството го делат седум членови на семејството, ја прави Алис Волтон – најбогатата жена на светот, со речиси третински удел во „колачот“, од 44,9 милијарди долари.

Споредбата со буџетот на Македонија е направена со годинашниов кој е околу 3,7 милијарди евра.