Од речиси 200 држави, колку што има во светот, некои отскокнуваат од останатите по заработката врз основа приход кој поединец може да го оствари на годишно ниво, па тие се сметаат за најбогати на светот, објавува порталот Фортуна.
На прво место е Катар, чија популација е околу 2,5 милиони жители, а според статистиката секој жител на годишно ниво заработува 124.930 долари.
Втора на листата е Луксембург, каде поединец годишно заработува по 109.190 долари. Луксембург има вкупно 600.000 жители.
Сингапур е на трето место на листата на најбогати со 90.530 долари просечна годишна заработка на жител. Популацијата брои 5,6 милиони и се очекува раст на тој број.
На четврто место е богатата држава Брунеи, која има 400.000 жители, а просечната годишна заработувачка на поединец е 76.740 долари.
Ирска е земја со највисока стапка на популацијата, а заработувачката на поединец е 72.630 долари годишно.
Скандинавците со преку пет милиони жители, сепак, остануваат надвор од петте најбогати земји во светот. Просечната заработувачка во Норвешка е 70.590 долари.
Со нешто повеќе од четири милиони жители, во Кувајт не е забележан раст на економијата од 2016 година, од кога заработувачката на едно лице во просек изнесува 69.670 долари.
Обединетите Арапски Емирати имаат приход од 68.250 долари просечно на жител, а веднаш по ОАР на листата е Швајцарија со 61.630 долари.
Последни на листата на 10-те најбогати земји во светот се Хонг Конг, Сан Марино, САД и Саудиска Арабија, каде што просечната заработувачка е под 60.000 долари годишно на секој поединец.