Македонија со бруто домашен производ (БДП) по глава на жител од 6.608,08 долари e на 5-то место на списокот на најсиромашни пазари во Европа, подготвен од германскиот економски портал Дервенстен, објави веб-страницата Косово онлајн.
На листата 10-те најсиромашни во Европа, Косово е рангирано како втор најсиромашен пазар во Европа за 2023 година, по Украина. Листата е направена врз основа на БДП по глава на жител и според рангирањето Србија е на десеттото место со БДП од 10.360,72 долари по глава на жител.
-На четвртото место е Албанија, чиј бруто домашен производ е 6.457,22 долари, додека на трето место е Молдавија со БДП од 5.671,22 долари. Најсиромашна во Европа е Украина, со БДП од 4.348,57 долари. Црна Гора е на деветтото место со БДП од 9.811,86 долари, а Белорусија е на осмото со БДП од 7.859,63 долари. Седмото место го зазеде Босна и Херцеговина со БДП по глава на жител од 7.337,72 долари, додека Грузија е на шестото место со бруто домашен производ од 6.670,73 долари, пишува порталот Дервенстен.