Според најновиот извештај кој ги рангира државите според бројот дестинации достапни без виза, Македонија има скок од две места од минатата година до сега и таа се наоѓа на 38 место во извештајот на Henley Passport Index.

Имено, досега Македонија најдобар рејтинг имала во 2014 кога се наоѓала на 36 место според Henley Passport Index.

Според листата на најмоќни пасоши во светот, Сингапур е на првото место, со безвизен пристап до 192 од 227 дестинации. Јапонија и Јужна Кореја го делат второто место со пристап до 188 дестинации. Веднаш по нив следуваат европски земји: Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија се на третото место со 186 дестинации.
Обединетите Арапски Емирати бележат најголем напредок во 20-годишната историја на индексот, со 149 нови безвизни дестинации од 2006 година и скок од 57 места. Спротивно на тоа, Обединетото Кралство бележи најостар годишен пад – сега има пристап до 182 дестинации, осум помалку од пред една година. Соединетите Американски Држави се вратија на десеттото место со 179 дестинации, но зад нив се наоѓаат вкупно 37 земји.
Четвртото место (185 дестинации) го делат десет земји, меѓу кои Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија и Италија. Хрватска е рангирана на шестото место, со безвизен пристап до 183 земји, позиција што ја дели со Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд и Полска.
На дното на листата е Авганистан, чиј пасош овозможува безвизен влез во само 24 дестинации, по што следуваат Сирија (26) и Ирак (29) – јаз од 168 дестинации меѓу најмоќниот и најслабиот пасош.





