Пет лица починале во италијанскиот град Ѓенова како последица на топлото време.
Италијанскиот центар за итни случаи соопшти денес дека смртните случаи се последица јна рекордно високите температури кои траат цела недела во регионот на Ѓенова.
Жртвите се главно стари лица на возраст меѓу 80-85 години кои живеееле сами. Меѓу нив е и една 46-годипна жена која починала во болница како резултат на висока температура.
Високите температури до 37 Целзиусови степени како и големата влажност, во сверозападна Италија ќе траат до утре.