Уругвајскиот фудбалски репрезентативец, Лукас Тореира е нов играч на Арсенал, објави премиерлигашот од Лондон.
Фудбалерот од средниот ред пристигна од Сампдорија во трансфер вреден 30 милиони евра.
Ториера ги одигра сите пет натпревари за Уругвај на СП во Русијаи е еден од најзаслужните за најзаслужните за пласманот во четвртфиналето.
– Лукас е многу талентиран фудбалер. Тој прикажа одлични игри во претходните две сезони во Сампдорија, а на Мундијал потврди дека е квалитетен играч кој има уште повеќе можности за напредок. Ќе ни се придружи на почетокот на август кога ќе се вратиме од закажаниот одмор, соопшти тренерот Унаи Емери.
Покрај за Сампдорија, Лукас Тореира, играше и во Монтевидео Вондерс и Пескара. За репрезентацијата на Уругвај досега има осум настапи.