Андреа Ањели веќе е еден од најуспешните претседатели во историјата на Јувентус, а сериозно чекори и кон титулата незаменлив- најдобар претседател во историјата на торинскиот клуб.

Тој во мај 2010 година беше поставен за претседател на клубот и од тогаш клубот константно расте, успесите станаа веќе и повеќе од една обична најнормална работа за клубот.

Под лидерство на Андреа Ањели, со Џузепе Марота и Фабио Паратичи, кои се задолжени за трансфер политиката, Јувентус стана доминантен во италијанскиот фудбал и еден од најдобрите во европскиот.

Седум години по ред тимот е шампион на Италија, четири години по ред е освојувач на Купот на Италија, Јувентус два пати успеа да стигне до финалето на Лигата на шампионите, каде беше поразен еднаш од Барселона, а еднаш од Барселона.

Трансфер политиката на Јувентус во досегашниот мандат на Ањели од многумина е прогласена за најдобра во светот на фудбалот. Последниот трансфер потег на клубот е вистинско воодушевување на целиот фудбалски свет, иако за многумина изгледаше како сон, од вчера и официјално дел од Јувентус е најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.

Иако тогаш сигурно никој не му веруваше, вакво нешто Ањели најави уште во август 2013 година.

-За пет години Јувентус ќе може да си дозволи фудбалери како Кристијано Роналдо, изјави пред во август 2013 година. Инаку, во јули 2018 година Јувентус потпиша договор со Кристијано Роналдо, точно пет години подоцна од оваа изјава на претседателот на клубот.

Оваа изјава стана хит меѓу фановите на Јувентус, за кои претседателот Ањели сега е херој, претседателот кој во клубот го донесе најдобриот фудбалер на светот, претседател кој го градиот можеби најмоќниот Јувентус во историјата.