И официјално Роналдо е нов играч на Јувентус

/ 11.07.2018

Реал Мадрид соопшти дека нивниот најдобар стрелец во историјата се договорил со Јувентус.

– Реал Мадрид сака да ја изрази својата благодарност до играчот кој сe покажа како најдобар во светот и кој го означи едно од најбрилијантните времиња во историјата на нашиот клуб и светскиот фудбал, соопштија „Кралевите“.

Роналдо во Реал Мадрид помина 9 години каде што даде 451 гола на 438 натпревари. Освои 16 титули, вклучително 4 во Лигата на шампионите.

– За Реал Мадрид Кристијано Роналдо секогаш ќе биде глем симбол и уникатна референца за следните генерации. Реал Мадрид секогаш ќе биде твојот дом, се вели во соопштението од Реал Мадрид.


Од истата категорија