„Не“ за европските закони, е пораката која парламентарците од Ториевската партија ја упатија до министерот задолжен за Брегзит, Доминик Раб.
Причина за ваквиот фронтален жесток напад е објавениот нон-пејпер на премиерката Тереза Меј во кој се гледа мекиот излез од ЕУ. Мнозинствотото Ториевци сакаат излез, а не полу-излез.
Процесот на излегување од ЕУ е опишан на 98 страници, а клучно прашање е каква позиција во иднина ќе има британскиот Парламент во однос на европското законодавство.
Поранешниот министер за Брегзит, Стив Бејкер, кој пред неколку дена си поднесе оставка, јавно прашува „од кои причини тој (Бејкер) мисли дека треба да преговара со ЕУ механизам кој не ги признава принципите на европската заедница и оти со законите на ЕУ британскиот парламент го губи правото на вето“.
Сер Бил Кеш, пак, за предложената про-меморија изрази загриженост истакнувајќи дека Обединетото Кралство ќе стане „вазалска држава“ и ќе биде поринудено да прифаќа регулативи на ист начин како и во 1972 година со Актот на европската заедница.