Торино обично е познат како индустриски град, нo по Зимските олимписки игри, одржани тука во 2006 година, средиштето на областа Пиемонт доживеа полна преобразба.
Овој град денес е секако еден од најпријатните, најзанимливи и најпривлечни во Италија за туристичка посета, особено за љубителите на специфични јадења и културата. Тоа го потврди и второто издание на неколкудневната гастрономско-културна манифестација „Буонисима“ што и овојпат привлече бројни посетители од Италија и светот, во која културните настани хармонично ги надополнуваат хедонистичките гурмански искуства.
Предусловите за сѐ тоа, секако, ги постави богатата културна историја на градот. Исто како и другите попосетувани италијански градови – Рим, Фиренца или Венеција, и Торино очигледно заслужува посета на викенд, или на неколку дена. Имено, со своите музеи од светска класа, како што се Националниот музеј на кино и Националниот автомобилски музеј, кралските резиденции, величествените плоштади и цркви, во Торино се наоѓа сѐ она што ја прави Италија шармантна, заедно со развиената градска „мрежа“ ресторани, таверни и тратории што нудат одлични традиционални локални јадења, средени простории и соодветна атмосфера.
Настанот „Буонисима“ го осмислија новинарите Стефано Кавалито и Лука Јакарино и – Матео Баронето, готвач на еден од најдобрите ресторани во градот, „Дел Камбио“.
Во сѐ, секако, не недостигаа ни големите меѓународни имиња од светот на гастрономијата, како Феран Адрија, Ален Дукасе, Андони Луис Адуриз, Давиде Олдани, Чико Цереа, Кјара Паван, Франческо Брута итн. По сѐ, изгеда дека Торино веќе целосно го оствари својот потенцијал како една од најатрактивните културно-гастрономски места во Италија.