Најмалку 20 лица загинаа во невремето и поплавите што од средата зафатија делови од САД, вклучително и деветгодишно момче во државата Кентаки кое беше однесено од порој и неколку луѓе кои загинаа од торнадо во градот Тенес, југозападниот дел на државата Тенеси.

Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, вчеравечер им изрази сочувство на семејствата на двете жртви кои беа погодени од дрво на терен за голф, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

-Тажни сме поради трагичната смрт на две лица од невремето. Ве молиме придружете ни се во нашите мисли и молитви, рече Кемп.

Одделот за управување со вонредни состојби во Арканзас потврди дека првата жртва на невремето е петгодишно момче пронајдено во југозападен дом во Литл Рок, без детали за причината за неговата смрт.

Според извештај на командата на пожарникарскиот округ  Бофор-Лесли и извештајот на сообраќајната полиција на државата Мисури во сообраќајна несреќа на околу 100 километри западно од Сент Луис загинал 16-годишен пожарникар.

Десет жртви на невремето беа пријавени во Тенеси, три во Мисури, две во Кентаки и по една во Индијана и Арканзас.

Предупредувањата за поплави се на сила од вчера наутро од Луизијана до западна Пенсилванија, а денеска предупредувањето беше лиферувано и за северна Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.

Еј-Би-Си Њуз наведува дека од вчера во најмалку 10 држави , од Канзас до Охајо, пријавени се над 90 торнада.

фото: МИА архива