Низок обид за манипулација на јавноста! Ова е директниот одговор на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прозивките на ДУИ и барањето за интерпелација по инцидентите на 28 ноември, на денот на албанското знаме.
Тошковки одговарајќи на новинарски прашања каде беше прашан за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот.
-Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ особено се сами по себе контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многи добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста, потенцира министерот.
Изјавите следуваа по работната посета и средба со Ненад Нешиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина, со кого министерот Тошковки одржа заедничка прес конференција.