Новинарката Дијана Тоска, креатор на химната за Света Мајка Тереза, реагираше по свеченото откривање на спомен-плочата на местото каде била куќата на Гонџа Бојаџиу на градскиот плоштад во Скопје.

Таа, како што објави Фокус, смета дека на плочата требало да пишува Света Мајка Тереза, а не само Мајка Тереза затоа што таа веќе во 2016 година беше прогласена за светица,

– Ако видите на другата плоча има крст, идентификација на Мајка Тереза. На плочата на албански јазик нејзиниот крст не е поставен и тоа остава многу прашања. Што се крие зад тоа? Зошто не е поставен? Кој се плаши од идентитетот или да не карикирам да кажам, дали ќе се преиначи Мајка Тереза во муслиманка? Ова е невиден апсурд, оваа плоча нема идеолошки или суштински концепт“ вели Тоска која стравува „ ако тука лежи политичката позадина, тогаш ова е уште полошо затоа што името на Мајка Тереза е манипулирано, се поигрува и се користи за политички теми, вели Тоска.