Англискиот прволигаш Тотенхем стави крај на сагата околу наследникот на Португалецот Жозе Мурињо, назначувајќи го вечерва неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто за нов тренер.

Премиерлигашот од Лондон објави дека Санто ќе остане на клупата на Тотенхем до крајот на 2023 година.

Санто го наследува Мурињо по четиригодишна соработка со премиерлигашот Вулверхемптон, со кој избори пласман во Премиер лигата во сезоната 2018/19, а следната сезона настапи во четвртфиналето во Лига Европа.

– Пред сè, сакам да му посакам добредојде на Нуно во клубот. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи за трпението што го покажаа во целиот овој процес, изјави за клупскиот сајт претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.