Најмалку 22 деца се удавија денеска, откако брод со кој патувале до училиште потона во реката Нил во северниот дел на Судан, поради обилните дождови.
Бродот превезувал околу 40 деца.
Една жена, медицинско лице од локалната болница, исто така, починала. Властите на суданската провинција Река Нил се уште ги бараат телата.