Германската влада денеска одобрила во официјалните регистри на државата да се воведе трет пол, па секој ќе може да се запише дека е „различен“, односно дека не е ниту маж, ниту жена, туку нешто трето, различно, пренесе АП.

За ова одлука има донесено федералниот Уставен суд уште во ноември минатата година. Покрај различен, тие што не сакаат да бидат маж или жена, можат едноставно да ја прескокнат графата.

Решението било донесено по предмет поведен од човек кој сакал, заведениот женски пол да му биде сменет во интерсексуален/различен, но не му било овозможено.

Досега единствената можност била двете квадратчиња да се остават празни. Сега, во графата „пол“ ќе биде воведено и трето квадратче.

Германскиот министер по семејстни прашања, Франциска Гифаи, изјавила дека „ова е важен чекор напред во правно признавање на луѓето чиј пол не ниту машки, ниту женски“.

Слична можност, по одлука на Уставниот суд од неодамна постои и во Австрија, каде судот решил дека нема потреба да се менува законодавстото бидејќи во него не било изречно наведено дека еден човек може да биде само од машки или женски пол.