Либиски суд осуди 45 луѓе на смртна казна заради убиство на демонстранти за време на бунтот во 2011 година против Моамер Гадафи, соопшти Министерството за правда.

Тие беа осудени за отворање оган врз демонстрантите против Гадафи во главниот град Триполи во август 2011 година.

Уште 54 обвинети се осудени на пет години затвор, а 22 други се ослободени.

Протестите почнаа во февруари 2011 година, пред да се претворат во вооружен конфликт. Гадафи беше убиен во октомври 2011 година. Овој бран протести во повеќе северноафрикански земји беше наречен Арапска пролет.

Откако Гадафи беше убиен, а соборените режими не ги наследија баш демократски рози, BBC признава дека во известувањата за Арапската пролет малку претерале со својата еуфоричност.

По анализата на известувањата на BBC изработена од едн врвен експерт за комуникации на Обединетите нации, корпоративните шефови на британската мрежа признаа дека нивните известувачи малку се занеле па за Арапската пролет испраќале не баш објективни извештаи.

Непридржување до строгите стандарди на BBC особено важи за известувањата од Либија каде новинарите уште на почетокот беа инкорпорирани во бунтовничките сили, па заради тоа не успевале да водат сметка за балансирано и објективно известување.

„Занемарувањето на фактот дека секоја приказна има барем две страни, секогаш е опасно по вистината“, признаваат шефовите во BBC.