Попладнево на кејот во центарот на Охрид се случи трагичен настан во кој едно лице се удави во водите на Охридското Езеро, објави ТВ Сител.
Засега не е познат идентитетот на жртвата и причините за трагедијата.
Охридската полиција се уште го нема потврдено случајот, а портпаролот Стефан Димоски најави подетални информаации за подоцна.
Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, објави МИА.
Случајот во полиција бил пријавен од страна на случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија“ во градот.
На лице место излезени се екипи на крим техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за итна медицинска помош која ја констатирала смртта.
Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид. Причините за настапувањето на смртта ќе ја утврди обдукцијата.