Олгица НИКОЛА ТРАЈКОВСКА

Не е во право д-р Тони Десковски кога тврди дека (цитирам):
„…По Преспа, “македонски” е исклучиво етничка придавка, ознака. Не е државна. Државава Изречно се согласи да се откаже од неа…“

Зошто велам дека не е во право:

Употребата на „македонско“ со чл. 2, став 2 на Уставниот закон од 2019. е децидно лоцирана за НАЗИВ на ДРЖАВЈАНСТВО, а никако не -на ЕТНИЧКА припадност, која гласи:

„…Од денот на влегувањето во сила на Амандманот XXXIII, државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, што не ја определува ниту ја предодредува етничката припадност на граѓаните…“

Значи НЕ СЕ ОДНЕСУВА на ЕТНИЧКАТА припадност на граѓаните! (Потврдено и со писмото на тогашниот МНР Н.Димитров упатено до грчкиот парламент)

Потсетувам дека употребата на придавката „македонско“ во сите изведбени форми е јасно дефинирана со чл. 7 точка 3 на Преспанскиот договор, која чласи:

„…Во однос на Втората страна, овие термини ( македонско/а/и – м.з.) ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се ОСОБЕНО РАЗЛИЧНИ од оние кои се наведени во член 7, став (2)…“ а тие се сите оние кои се протегаат од антиката до денеска! Значи, употребата на продавката „македонско“ може да се користи само доколку е ОСОБЕНО РАЗЛИЧНО! А што го прави особено различно ако не ПРЕФИКСОТ „северно…“?

Оттука следува и посредно, но јасно наметнатиот нов поим „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКО“ за територијата, јазикот, народот( новата „нација“- м.з.), историја, култура, наследство и сл.

Според овие документи, може да се заклучи дека:

Употребата на „македонско“ е исклучиво ДРЖАВНА, а не ЕТНИЧКА придавка, како што ТД. тврди, бидејќи:

1 Е врзано со именување на ДРЖАВЈАНСТВОТО на граѓаните на Севернава, формулирано заедно со коса црта („/“) и двојниот назив „ граѓанин на РСМ“.
2. Македонскиот народ, при реализација на идејата на новоформирана „Северномакедонска“ нација го губи правото да се именува и идентификува како посебен македонски етникум, за разлика од другите малцинства ( „делови од народи“) на кои тоа право не им е одземено/ им е гарантирано.
3. Македонците, како припадници на македонскиот народ, со доследна примена на Уставниот закон и Преспанскиот, ќе може да се декларираат само како ГРАЃАНИ на Севернава, но не и како посебен МАКЕДОНСКИ етникум. ( Да не отворам тема за натамошните етноцидни намери на „западните пријатели“ со бугаризација и сл.).
И мора да потенцирам:
Намената на Уставниот закон е за примена на Амандманите, но, внимавајте(!) – во ниеден амандман не е регулирано ова прашање (за двојниот термин на државјанството). Значи – Уставниот закон излегува надвор од својот опсег и регулира – нерегулирана уставна материја за државјанството!…за што, Уставниот суд и покрај поднесена иницијатива, „конструктивно“ молчи.