Во пресрет на утрешната официјална посета на Велика Британија, Трамп во интервју за весникот „Сандеј тајмс“ вели дека следниот британски лидер треба да ја испрати Најџел Фараж, како некој кој најмногу се залага за Брегзит, да преговара со ЕУ.
Трамп претходно во интервју за лондонски „Сан“ оцени дека поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон е „извонреден“ избор за нов лидер на Конзервативната партија, осносно нов премиер, по оставката на Тереза Меј.
– Мислам дека Борис ќе направи многу добра работа, рече Трамп во интервјуто.
Трамп исто така вели дека и другите кандидати барале негова поддршка.
– Јас ќе помогнам на кој било, додаде американскиот претседател.
Би-Би-Си објави дека обезбедувањето за време на посетата на Трамп, кој ќе се сретне и со членови на кралското семејство, меѓу кои и кралицата Елизабета Втора и принцот Хари, ќе чини неколку милиони долари.