Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја бранеше својата одлука за повлекувањето на американските војници од Сирија, откако беше критикуван од поединечни републиканци, а загриженост изразија и дел од воените команданти и американските сојузници.
– Дали САД сакаат да бидат полицаец на Блискиот Исток, добивајќи за возврат ништо, освен трошење на скапоцени животи и трилиони долари штитејќи други, кои, речиси во сите случаи, не го ценат тоа што го правиме? Дали сакаме да бидеме таму засекогаш? Дојде време другите да се борат, напиша Трамп на Твитер.
Во низата пораки на Твитер, Трамп наведе дека одлуката за повлекувањето на американските војници од Сирија не треба да биде изненадување оти тој со години се залагал за тоа.
– Русија, Иран, Сирија и другите не се среќни поради тоа што САД се повлекуваат од тој терен и покрај тоа што пишуваат лажни вести, бидејќи сега ќе мора да се борат против Исламска држава и другите, кои ги мразат, но сега без нас. Создавам далеку најсилна војска во светот. Ако Исламска држава не нападне, проклета е, напиша Трамп на Твитер.
Тој вчера изјави дека ИД е победена во Сирија и најави повлекување на американската војска од земјата.