Драстичната промена на курсот на САД е изненадувачка и ризикува да направи штета во борбата против Исламска држава, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, по одлуката на САД да се повлечат од Сирија.

-ИД е потисната, но опасноста уште не е завршена, рече Маас.

-Постои опасност дека последиците од таа одлука ќе направат штета во борбата против ИД и ќе го загрозат досега постигнатиот успех, наведе Маас.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ИД во Сирија е поразена и најави повлекување на американската војска од таа земја.