Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го прозва својот наследник Џо Бајден за неговата политика кон војната во Украина. Трамп порача дека тој би преговарал со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.

– Џо Бајден преку слабост и неспособност нè доведе до работ на трета светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на трета светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот, пореча Трамп.

Инаку, тој ја започна предизборната кампања откако претходно ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа.

На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, од кои беше избркан поради инвазијата на неговите приврзаници во Капитол пред две години.

Тој веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.