Активисти, политичари и други припадници на еврејската заедница во САД жестоко реагираа на вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека „секој американски Евреин кој гласа за демократи или не знае апсолутно ништо или искажува нелојалност“.

Трамп ја даде изјавата откако беа објавени резултати од анкетата која покажа дека мнозинството Евреи во САД се сметаат за демократи.

Сенаторот Берни Сандерс, кој е претенден за кандидат за претседател од редовите на Демократската партија, изјави дека себе се смета за „горд Евреин, кого ни најмалку не го загрижува тоа што ќе гласа за демократи“. Алудирајќи на себе, тој рече дека „на следните избори ќе гласа за човекот за кој сака да стане првиот еврејски претседател на САД“.