Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп, обраќањето на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден го оцени како едвај разбирливо и многу лошо.

Говорот на корумпираниот Џо Бајден во Овалната соба беше едвај разбирлив и многу лош, напиша Трамп на социјалната мрежа „Тру сошл“ (Truth Social).

Тој исто така наведе дека „корумпираниот Џо“ и „лажливата Камала (Харис)“ се срам за Америка.