Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини „Гугл“ (Google) дека манипулира со резултатите од пребарување во корист на негативните извештаи за него и за другите конзервативци.
– Резултатите на „Гугл“ од пребарувањето на „вести за Трамп“ ги покажуваат само извештаи на новите лажни медиуми, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека најмногу лажни вести објавува Си-Ен-Ен.
– Републиканските/конзервативни и фер медиуми се исклучени, тврди Трамп.
Тој додаде и дека 96 отсто од резултатите од пребарување на „вести за Трамп“ потекнуваат од „националните левичарски медиуми“, што според Трамп е „многу опасно“.