Американскиот потпретседател Доналд Трамп ја обвини својата ривалка на претседателските избори во 2016 година, тогашната кандидатка на демократите Хилари Клинтон, дека била во дослух со руските власти.
„Единствен дослух со Русите имаше расипаната Хилари Клинтон и Демократскиот национален комитет…“, нагласи Трамп на Твитер.
Американските разузнавачки агенции ја обвинуваат Русија за наводно мешање во предизборната кампања во 2016 година. Трамп во крајот на минатата година рече дека „новинарите треба да ја прашаат Хилари Клинтон за Русија“.