САД и Северна Кореја се договориле досега за најмалку три точки од заеднички документ кој американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе го потпишат на крајот на средбата на врвот во Ханој.  Тоа го изјави дипломатски извор извор.

Документот ќе биде наречен Ханојска декларација.

Во него ќе биде нагласена „денуклеаризација“, ќе бидат наведени следни чекори на двете страни за реализација и ќе бидат дадени задачи и прашања што ќе се разгледуваат подоцна.

Денеска е вториот ден од средбата на врвот САД – Северна Кореја. Трамп и Ким имаа средба во четири очи што траела повече од половина час по што пристапија на преговори во проширен состав.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека не би учествувал на втората срредба на врвот со претседателот на САД, Доналд Трамп ако не сака да исполни ветување дадено за денуклеаризација.

Запрашан од американски новинар во Ханој дали сака денуклеаризација, Ким одговори: Ако не сакав, сега немаше да сум тука.

Трамп нагласи дека отворањето на американско дипломатско претставнишптво во Северна Кореја е „добра идеја“, додека Ким тврди дека би „поздравил таков чекор“.

Ким беше запрашан и дали лидерите зборувале за човековите права, но Трамп одговори место него – Зборувавме за се. Тие дадоа коментари по средбата во проширен состав во која учествуваа американскиот државен секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Џон Болтон.