Официјални претставници на американската сојузна држава Џорџија, една од клучните за исходот од претседателските избори во САД, најавија дека ќе има пребројување на сите пристигнати гласови, пред се, поради многу малата разлика во гласовите.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, соопшти дека гласовите во таа држава повторно ќе бидат преброени.

Рафенспергер додаде дека тоа се прави заради транспарентност на процесот.

Разликата во гласовите меѓу двајцата кандидати во моментов е околу 1.579 гласа, во корист на Бајден, откако тој денеска го презеде водството.

Габриел Стерлинг, шеф на изборниот процес во оваа држава, изјави дека не може да ги гарантира конечните резултати од изборите до крајот на ноември.