Туск на твитер напиша дека на тој што има пријатели каков што е Трамп, не му се потребни непријатели.

„Гледајќи ги последните одлуки на Доналд Трамп, некој би можел да помисли: со такви пријатели, непријатели не ви се потребни. Но, искрено, ЕУ би требала да биде благодарна. Благодарејќи му на Трамп, се ослободивме од сите илузии“, наведе туск.

Наспроти тоа, Трамп во разговор со генералниот секретар на НТО Столтенберг, истакнал дека ЕУ била „ужасна“ кон САД, кои минатата година со Унијата имале трговски дефицит од 151 милијарда долари“, наведува АП.

„Изгубивме 151 милијарда долари во размената со ЕУ. Така што, можат да ме нарекуваат со секакви имиња, а да сум на нивно место и јас би се нарекувал со такви имиња, зашто тоа со размената веќе нема да се случува“, рекол претседателот на САД.