Во авиосообраќајот на САД е предизвикан хаос откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека засега се приземјува моделот на Боинг 737 Макс.

Вторпат за шест месеци американските власти носат таква одлука за одреден тип на авиони на Боинг.
Како причина за ваквата одлука Трамп наведе „нови информации“ кои излегле на виделина во тековната истрага, но не откри повеќе детали.

По разговорите со директорот на компанијата Денис Мајленбург, Трамп на Твитер објави дека „авионите станале премногу комплицирани за летање”. Тој смета дека се потребни „секундарни одлуки”, бидејќи „сложеноста создава опасност”.

– Не знам за вас, но јас не сакам Алберт Ајнштајн да ми биде пилот. Сакам професионалци на кои лесно и брзо ќе им биде дозолено да ја преземат контролата над авионот – напиша Трамп на својот Твитер.

Од забраната се погодени патници на три американски авиокомпании. Поради одлуката сега се бара замена за 72 авиони Боинг 737 Макс и пререзервација на летови.