Доналд Трамп ги удвојува своите коментари за НАТО кои предизвикаа бес.
Во текот на минатиот викенд, Трамп рече дека Русија може да прави „што по ѓаволите сака“ со земјите од НАТО кои не ги плаќаат обврските за трошоците за одбраната за Алијансата и рече дека нема да ги заштити.
„За волја на Бога, тоа е глупаво, срамно е, опасно е, неамериканско“, рече претседателот Џо Бајден за изјавите на неговиот претходник за време на обраќањето во Белата куќа во вторникот.
„Реков, погледнете, ако тие нема да платат, ние нема да ги заштитиме, во ред? се зборовите на Трамп.
Бајден на тоа возврати: „Ова е толку лошо. Ова е толку страшно“.
„Не“, рече Трамп на митинг во Јужна Каролина во средата навечер, додавајќи дека ги погледнал буџетите за одбрана на земјите-членки кога бил претседател и рекол дека „никој не ги плаќа сметките“.
„Еден од шефовите на земјите стана и рече: „Дали тоа значи дека ако не ги платиме сметките, нема да не заштитите?“, раскажа Трамп. „Реков: „Токму тоа значи – точно. Нема да ве заштитам“.
„Не сакаме повеќе да бидеме глупава земја“, додаде Трамп.