Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по истекот на претходно одредениот период од 15 дена ќе донесе одлука за тоа „по кој пат сакаме да одиме“ со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
– Не можеме да дозволиме лекот да биде полош од самиот проблем, напиша Трамп на Твитер, без да наведе детали.
Тој на 16 март објави насоки за сузбивање на епидемијата со Ковид-19 за 15 дена, а администрацијата на Трамп оттогаш преземе агресивни чекори за запирање на негативните последици од епидемијата врз економијата.
Но, американскиот Сенат не го изгласа законот за економски пакет помош за борба против новиот коронавирус. Демократите се изјаснија против законот и побараа поголема помош за здравствените работници и за тие што се погодени од епидемијата.
Преговорите за измени на законот продолжуваат, а демократите оценија дека предлогот на републиканците повеќе е за помош на корпорациите, а на штета на здравтсвените работници и семејствата.