Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД се повлекуваат од Парискиот договор за климата.
На енергетска конференција во Питсбург, Трамп го оквалификува договорот како „лоша зделка“ и оцени дека неговите политики за употреба на фосилни горива ја направиле САД енергетска супер сила.
Процесот на повлекување на САД од Договорот најрано може да почне на 4 ноември а ќе стапи во сила една година подоцна.
САД беше 195. земја која што се приклучи на договорот во 2015 година, додека претседател беше Барак Обама. Според договорот, САД се обврзаа до 2025. да ги намалат штетните емисии за 26 до 28 отсто од нивото во 2005 година.