Aмериканскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за повлекување на силите на САД од Сирија. Портпарол на Пентагон не даде други детали.

Трамп објави за намерата да ги повлече американските сили од Сирија нагласувајќи дека победата над ИД е постигната.

Според американски официјални лица, повлекувањето на над 2.000 американски војници може да трае 60  до 100 денови.

Трамп има намера повлекувањето да се изврши бавно и во тесна координација со Турција. Целта е да се избегне вакуум во власта во регионите под контрола од курдските бунтовници.