Бројот на жртвите од цунами во Индонезија веќе е 281, повредени се 1.106, додека 57 се водат како исчезнати.

Се очекува тие бројки да се зголемат по пристапот во погодените реони.

Цунами ги погоди островите Јава и Суматра во саботата практично без предупредување. Тоа е второ смртоносно цунами што ја погоди Индонезија оваа година.

На цунами на остроот Сулавези претходно оваа година, му претходеше земјотрес.