Делови од американската влада – министерства и агенции нема да работат се додека за нив не се обезбедат средства откако двата дома на Конгресот не се договорија со Трамп за усвојување на буџетот за федералната влада.

Меѓу министерствата погодени од тој расплет, е Министерствиото за внатрешна безбедност кое е надлежно за Агенцијата за безбедност на границите и царината, имиграцијата, Тајната служба, Крајбрежната стража и за Адинистрацијата за безбедност на сообраќајот. Во нив се погодени околу 800.000 вработени.

Околу 420.000 луѓе чии работни места се означени како „основни за функционирање на системот“ ќе мора да продолжат со работа бел плата додека 380.000 луѓе се испратени на принуден одмор.

Сите кои ќе работат без плата ќе бидат исплатени штом Конгресот го усвои буџетот.

Освен Министерството за внатрешна безбедност, погодени се и Службата за национални паркови и Министерството за недвижнини и урбан развој, Управата за федерални автопатишта, Контролата на воздушен сообраќај и други.

Погодена е и извршната канцеларија на претседателот на САД во која работат и луѓе во Канцеларијата за буџет што му  помага на претседателот во креирање на финансиската политика и буџет.