Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека владата на Вашингтон треба да му даде приоритет на финансирањето на безбедноста на училиштата во САД наместо да испраќа помош за Украина.

Трамп ова го изјави во петокот на тридневната годишна конвенција на Националната стрелачка асоцијација (НРА) во Хјустон, која доаѓа само три дена по смртоносното пукање во основното училиште Роб во Увалде, Тексас, во кое загинаа 19 деца и двајца учители.

Обраќајќи им се на илјадниците поддржувачи, поранешниот претседател рече:

„Потрошивме милијарди во Ирак и Авганистан и не добивме ништо за тоа. Пред да продолжиме да „градиме нации“ во остатокот од светот, треба да изградиме безбедни училишта за нашите деца во нашата земја.“